Ученик го поправи Путин поради погрешно наведен историски факт (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
379 прегледи

Критичарите на Кремљ го поздравија ученикот, кој го поправи рускиот претседател Владимир Путин, кој презентирал погрешен факт пред децата на часот по историја.

„Петар Велики (1675-1725) не се бореше во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна, која траеше 21 година“, му рекло момчето на Путин, пренесува Хина.

Рускиот лидер му се заблагодари на момчето за исправката, но директорот на училиштето го предупреди ученикот поради „извесна дрскост“, пренесуваат медиумите.

Медиумите кои го критикуваат Кремљ и опозициските политичари го пофалија знаењето на ученикот.

Кира Јармуш, портпаролка на затворениот дисидент Алексеј Навални, го критикуваше директорот, кој, според неа, смета дека училиштето не треба да учи факти, туку „послушност и сервилност“.

Овој настан, на првиот училишен ден по летните одмори во Русија, предизвика ехо во земјата и го наведе портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, да се огласи.

„Не беше дрско. Воопшто не се согласуваме со директорот на училиштето “, рече тој и додаде дека„ се надева дека ученикот дополнително нема да биде казнет “.

Слични содржини