181
Еден ученик им подлегна на повредите здобиени денеска при пукање во основно училиште во градот Вантаа кај Хелсинки, а осомничениот за нападот е уапсен и е 12-годишно момче, соопшти финската полиција.
Убиениот ученик, како и двајцата ранети се 12-годишни деца, јавува Ројтерс.
Повредените ученици се пренесени во болница. Родителите ги однеле децата во друго училиште, на неколку стотини метри од зградата во која се случи нападот.
За потсетување, крвавиот настан се случи утринава и во истиот имаше неколку повредени лица.