Ученик нападнал професорка со нож во Франција, се обидел да побегне

од Milan1
297 прегледи

Денеска 18-годишен ученик со нож нападнал професорка за време на час по англиски јазик во училиште на западот на Франција, јави телевизијата „БФМ“. Средношколецот по нападот се обидел да побегне, но бил приведен.

Професорката се здобила со полесни повреди на лицето, пренесуваат француските медиуми.

Извор близок до истрагата вели дека професорката неколку минути пред нападот разговарала со ученикот за неговото неодамнешно неколкудневно отсуство, пренесува Танјуг.

Слични содржини