Ученик од Сарај и ученик од Бит Пазар физички нападнати од своите наставници

од Берта Китинска
431 прегледи

На 09.03.2022 во 08.45 часот во Полициска станица Бит Пазар, Н.С.(45) од Скопје пријавил дека на 24.02.2022 околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, за време на настава, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Г.А.. Се работои на расчистување на случајот.

Воедно истиот ден во 21.00 часот во Полициска одделение Сарај А.Ќ.(32) од с.Радуша, скопско, пријавила дека околу 14.00 часот била телефонски известена од класната наставничка на нејзиниот малолетен син дека додека бил на час во основно училиште во с.Радуша, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од наставникот С.С.

Слични содржини