Ученик со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

од Milan1
45 прегледи

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.

Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници.

„За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат попладнево од СВР Велес.

Слични содржини