Градоначаланикот на Гостивар Арбен Таравари пред една недела препорача продолжена пауза за оваа учебна година која би траела во декември и јануари. Идејата е да се заштеди на трошоци и да се надмине кризата.
– Токму во овој период е најстудено, а се отвора можност да заштедиме енергија за затоплување. Во контакт со повеќе колеги градоначалници, добив нивна поддршка и тие сметаат дека трошоците за струја ќе влијаат сериозно врз работењето на општините. Ништо не ќе може да се сработи, бидејќи треба да ги покриваме трошоците кои се енормно и неколкукратно повисоки. Централната власт мора да го земе овој предлог предвид, со оглед дека во зимскиот период овие трошоци ќе пораснат и ќе бидат сериозен удар врз државната буџетска каса, која е празна, рече Таравари.
Тој информира дека овој предлог е доставен до ЗЕЛС и МОН.