Од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки на учениците.
Најпрво системот беше паднат, односно учениците и наставниците не можеа да дојдат до страницата, а потоа кога беше овозможен пристап, немаше можност за логирање.
Националната платформа за далечинско учење е достапна на адресата www.schools.mk каде може да се видат упатствата и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат сите корисници низ платформата.
– Платформата функционира на следните ИТ уреди: десктоп компјутер, лаптоп компјутер, таблет и мобилен смарт телефон;
– Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер.