Што руча вашето дете во училишната менза? Дебелината кај децата станува сè поголем проблем не само кај нас, но и во други земји во светот. Кога родителите ги испраќаат децата на училиште, тие најчесто се потпираат на појадокот или ручекот кои нивните деца ќе добијат во училиштето, подготвуваат пакет со храна или даваат џепарлак, со кои малите ќе купат нешто за јадење.
Еден добар пример за здрава исхрана дава тимот на Sweetgreen. Тоа е синџир на ресторани, кој нуди и онлајн нарачка на храна. Идејата им е во училиштата во САД да се промовира здравата исхрана.
За да докажат колку нездраво се хранат американските ученици, тие испитуваат како се хранат ученици во други земји и ги рекреираат со свои производи. Како ручаат децата во Италија, Бразил или Шпанија, видете во следните фотографии.
Финска – крем супа, цвекло, свежо овошје, слатки компири.
Јужна Кореја – Оризот е суштински дел од исхраната, но кон него секогаш има и зеленчук.
Италија – свеж плод, паста, два вида салата, печено месо и убав леб.
Грција – Освен свежо овошје, децата јадат редовно и јогурт.
Шпанија – Ориз, гаспачо и морски плодови.
САД – Пржени медаљони, калорилен бисквит, пире, што не е приготвено од свежи компири, замрзнат грашок и сосови.
Франција – Свежо овошје, софистицирано сирење, печено месо и парен зеленчук.

Галерија: adme.ru; Sweetgreen