“Училишни бомби” останати од предметот Прва помош и заштита биле причината за евакуацијата на ОУ „Блаже Конески“

од desk3
123 прегледи

Нормализирана е наставата во ОУ „Блаже Конески“ по евакуацијата на учениците, поради опасност од неексплодирани бомби.

Како што соопшти директорот на училиштето, при чистење на подрумите биле најдени две рачни бомби за кои подоцна се утврдило дека биле наставно средство по предметот Прва помош и заштита, предмет кој повеќе не се предава, а во него се изучуваа и минско-експлозивни средства и заштита.

Полицијата ја потврди веста откако извршила увид на пронајдените училишни надгледни средства.