Учителка обљубила 15-годишно момче на спортски терен, му се заканувала за да не открива

од Nikola Popovski
339 прегледи

Наставничка од Велика Британија може да се соочи со затворска казна откако беше прогласена за виновна за друга точка од обвинението, односно за сексуален однос со петнаесетгодишен ученик.

Кендис Барбер (35) во неколку наврати на спортски терен имала сексуален однос со 15-годишно момче.

Честопати му испраќала пораки на ученикот, прашувајќи го што би сакале да направат.

Целиот инцидент стана познат откако во училиштето започнаа да кружат фотографии од нејзиното тело во топлес, кои му ги испратила на ученикот.

Барбер од градот Вендовер во Англија денес беше прогласена за виновна за поттикнување на дете на возраст под 16 години да има сексуални активности.

Барбер, која е наставничка во училиште, а исто така мајка на три деца, и пришла на својата жртва на „Денот на спортот“, откако го додала како пријател на социјалните мрежи.

Многу брзо, таа започнала да испраќа пораки до малолетниот ученик, во која, меѓу другото, изјавила како ќе се истушира, а после тоа започнала да има односи со ученикот.

Како што се наведува, таа честопати му испраќала провокативни пораки, па дури и вулгарни снимки.

На претходното судење, одржано минатата година, Барбер била осудена за сексуално однесување со малолетник.

Во тоа време, таа била осудена и за испраќање видеа со несоодветна содржина.

За целиот инцидент дознал и директорот на училиштето, кој го поканил момчето на разговор.

Младиот човек првично негирал дека имал врска со наставничката, но тој многу брзо признал во полицијата дека Барбер му се заканила дека ќе го повлече со себе доколку каже нешто.

– Ја прашав дали мисли да ме обвини за силување. После тоа се налутив и повеќе не разговарав со неа – рекол ученикот.

Барбер била уапсена во март минатата година и при првиот разговор со полицијата ја негирала вината.

Слични содржини