Хрватската пејачка Северина Којиќ има закажано ново рочиште во четврток во општинскиот граѓански суд во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.
Овој пат, тужба против неа има поднесено учителка. Тужбата беше поднесена минатата година во април поради наводен инцидент во училиштето во октомври 2019 година.
Учителката бара отштета од 9.200 евра од пејачката, според „24сата.хр“.
Во четвртокот, има подготвително рочиште во Палатата на правдата во Загреб, на кое Северина и учителката не мора да се појават ако не сакаат.