Удавен маж пронајден во шахта во Радовиш

од Берта Китинска
483 прегледи

Вчера во 17:50 часот било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, во близина на крстосница за селото Бучим, било пронајдено починато лице, соопштија од СВР Струмица.

Увидна екипа од ОВР Радовиш, трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото на несреќата, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за една компанија, паднал во шахтата со вода и се удавил.

Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење.

 

Слични содржини