Удрил со автомобил во велосипед и го напуштил местото на незгодата

од Vladimir Zorba

На 07.05.2021 во 18.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и го напуштило местото на незгодата.

Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини