УЕФА ги реинтегрира руските тимови до 17 години во своите натпреварувања, Украина се закани со бојкот

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Украина ќе ги бојкотира европските фудбалски натпреварувања во кои ќе се натпреваруваат руски тимови, објави во средата Украинската фудбалска федерација (УАФ).

Соопштението дојде еден ден по одлуката на УЕФА да ги реинтегрира руските тимови до 17 години во своите натпреварувања. УАФ „остро ја осудува“ ваквата одлука, пренесе AFP.

„УАФ инсистира на зачувување на претходните одлуки на УЕФА и ФИФА за забрана на сите руски тимови да учествуваат на меѓународни натпревари“, објавија тие. „УАФ потврдува дека нема да учествуваме во ниту едно натпреварување во кое има руски тимови и апелираме до другите асоцијации членки на УЕФА да ги бојкотираат сите натпревари на кои би играле тимови од Руската Федерација“.

УЕФА во вторникот објави дека, во договор со Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), одлучила да ги врати тимовите до 17 години бидејќи „децата не смеат да бидат казнети за дела за кои единствено се одговорни возрасните“.

Натпреварите на руските тимови, според таа одлука, мора „да се играат без руското знаме, националната химна и официјалната опрема“ и надвор од руската територија, прецизира УЕФА.

Слични содржини