УЕФА го објави списокот на судии за ЕУРО – има и Аргентинец

од Симе Стоиков
214 прегледи

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави списокот на судии на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.

Најмногу претставници имаат Англија, Италија, Франција и Германија, по двајца.

Од судиите од регионот, во Германија ќе го видиме само Славко Винчиќ од Словенија, кој ќе работи заедно со неговите помошници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.

Словенија ќе има претставници и во ВАР-салата – Нејц Кајтазовиќ (како ВАР судија), Раде Обреновиќ и Јуре Прапротник (како помошни ВАР судии или четврти судија).

Меѓу судиите во ВАР ќе бидат и Ирфан Пељто и Сенад Ибришимбеговиќ од Босна и Херцеговина.

Факундо Тело од Аргентина доби специјална покана врз основа на соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ.

Комплетна листа на главни судии на ЕУРО:

Ентони Тејлор, Мајкл Оливер (Англија), Марко Гвида, Даниеле Орсато (Италија), Даниел Зиберт, Феликс Цвајер (Германија), Клемент Турпин, Франсоа Летексиер (Франција), Дани Макеле (Холандија), Шимон Маркињак (Полска), Артур Диас (Португалија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлиак (Словачка), Славко Винчиќ (Словенија), Хесус Хил Мазано (Шпанија), Глен Ниберг (Шведска), Сандро Шерер (Швајцарија) и Халил Умут Мелер (Турција) + Факундо Тело (Аргентина)

Слични содржини