УЕФА одобри зголемување на бројот на играчи во репрезентациите на претстојното првенство

од Симе Стоиков
197 прегледи

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите да повикаат 26 наместо 23 играчи во репрезентацијата за Европското првенство во Германија, пренесува денеска Sky Sports.

Британските медиуми пренесуваат дека ваквата одлука била донесена на вчерашната седница на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.Овој предлог првпат беше изнесен пред две недели на тренерскиот состанок во Дизелдорф.

Скај Спортс истакнува дека УЕФА оваа одлука ја донела по предлогот на некои тренери да се зголеми бројот на играчи поради згуснатиот натпреварувачки распоред оваа сезона и можните повреди.

Исто така, се потсетува дека одлуката не е официјално донесена, бидејќи Извршниот комитет на УЕФА (EXCO) мора да ја одобри промената на правилата. Сепак, тој очекува промената на правилата да биде формалност.

Членовите на извршниот комитет на УЕФА треба да одржат состанок на 22 мај, но одлуката се очекува да биде донесена од далечина до крајот на неделата.

Слични содржини