165
Парламентот на Уганда усвои закон кој го криминализира идентификувањето како припадник на ЛГБТК популацијата, со строги казни, вклучувајќи смрт, за таканаречената „тешка хомосексуалност“ и доживотен затвор за хомосексуални односи.
Тешка хомосексуалност значи хомосексуални односи со лица помлади од 18 години или со сторител кој е позитивен на ХИВ вирусот.
Покрај истополовите врски, законот забранува промовирање и поддршка на хомосексуалноста, како и, како што велат, „заговор“ за вклучување во хомосексуални врски, пренесува „Ројтерс“.