Уганда ја криминализира ЛГБТК идентификацијата, смртна казна за хомосексуалноста

од Stefanija Kuzmanovska

Парламентот на Уганда усвои закон кој го криминализира идентификувањето како припадник на ЛГБТК популацијата, со строги казни, вклучувајќи смрт, за таканаречената „тешка хомосексуалност“ и доживотен затвор за хомосексуални односи.

Тешка хомосексуалност значи хомосексуални односи со лица помлади од 18 години или со сторител кој е позитивен на ХИВ вирусот.

Покрај истополовите врски, законот забранува промовирање и поддршка на хомосексуалноста, како и, како што велат, „заговор“ за вклучување во хомосексуални врски, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини