Угостителските услуги во ноември поскапи за 17,1 отсто во споредба со истиот месец лани

од Vladimir Zorba
195 прегледи Фото: Борче Поповски

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2022 година, во споредба со октомври 2022 година, е зголемен за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 17.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 11.9 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 10.4 %.