УХМР: Сончево и топло до крајот на неделата, температури до 40 степени

од Milan1
13 прегледи

Сончевото и топло време ќе продолжи до крајот на неделата, а температурите значително ќе се зголемат, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, температурите од ден на ден ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток па сè до крајот на викендот. Се очекува дневните температури насекаде во земјата да бидат над 30 степени Целзиусови, а на одделни места, особено во југоисточниот и централниот дел, да достигнат дури и до 40 степени.

„Во текот на наредните денови ќе преовладува стабилно, сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во сабота и недела, кога на повеќе места може да се надмине прагот од 38 до 40 степени,“ велат од УХМР.

Слични содржини