УХМР: Зголемен водостојот на водотеците во западниот дел на земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Од УХМР известуваат дека како резултат на врнежите изминатата ноќ, поголеми зголемувања на водостојот има на водотеците во западниот дел на земјата, односно на рeките Радика, Сатеска, Голема и Пена, кои и во неделата се очекува да бидат високи, особено на Радика, вклучително и нејзините притоки во сливот.

Поради најавените можни локални поројни врнежи во источните делови, можно е на места зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во тој регион.

Оттаму предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во крајните западни и во делови од источните делови (каде се најавени можни локални поројни врнежи) на земјата во текот на денешниот ден.

Слични содржини