Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 08/2025 за долгови доспеани до 30.04.2025 година и неплатени до 31.07.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акциза и царина, за кои вкупниот долг е:
* повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност; и
* повисок од 300.000 денари за правни лица.
На Листата на должници бр.08/2025 објавени се 2051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2025 изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 161.102.815 денари (повеќе за 38.890.447 од претходната листа).