УЈП објави листа на должници

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2025 за долгови доспеани до 31.01.2025 и неплатени до 30.04.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

* повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
* повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

На Листата на должници бр.05/2025 објавени се 2024 должници – правни лица (повеќе за 81 од претходната листа) и 3903 физички лица (повеќе за 37 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2025 изнесува 11.887.960.773 денари, (повеќе за 376.104.947 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.729.342.247 денари, (повеќе за 376.287.732 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.618.526 денари (помалку за 182.785 од претходната листа).

Слични содржини