УЈП со важна информација за корисниците на „Мој ДДВ“

од VIktor_P
2,7K прегледи

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека мобилната апликација„МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.

„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираатво рок од 10 дена од датумот на нивното издавање.“, информираат од УЈП.

Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција.

„Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки.“, стои во соопштението.

Слични содржини