УЈП: Трговците имаат обврска да ги прикажат во фискалните сметки попустите за „црниот петок“

од Milan1
98 прегледи

Во пресрет на најавениот Црн петок викенд (Black Friday), Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.

– Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО) , задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка.

Потрошувачите на добрата, односно корисниците на услуги при купување должни се да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот на доброто, заради контрола.

Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки, информираат од УЈП.

Слични содржини