УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Управата за јавни приходи соопшти дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.

Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници, соопштија од УЈП.

Слични содржини