Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се предвидува дека првиот договор за воена служба за странци може да биде потпишан за период од една година.
Претседателскиот декрет денеска беше објавен на официјалниот интернет портал за правни прашања, пренесува ТАСС.
Указот предвидува дека првиот договор за воена служба за странци може да се склучи само за период од дванаесет месеци, додека руското законодавство предвидуваше претходно склучување на вакви договори за период од пет години.