Укинати препораките за заштита од топлото време

од desk3
93 прегледи

Владата донесе одлука за укинување на препораките, донесени оваа недела, а кои се однесуваа на ослободување од работните обврски и препораките за избегнува вршење градежни работи на отворено, поради високата температура, кои требаше да важат до 4 август.

Thermometer1

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, препораките се укинуваат бидејќи според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните три дена ќе има намалување на температурата во целата држава.

Оттаму информираат дека надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и да преземаат мерки во согласност со временските услови.

 

META