Украдени 2 тони нафта од прилепска гимназија

од Nikola Popovski
233 прегледи

Од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ украдени се 2 тони нафта.

-На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот, велат од СВР Битола.

Според проценката, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.

Слични содржини