Украина ќе продолжи да работи на усвојување на резолуцијата во Генералното собрание на ОН

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Заменик-министерката за надворешни работи на Украина Емина Џапарова изјави дека Киев ќе продолжи да работи на усвојување на резолуција во Генералното собрание на Обединетите нации која ќе ја содржи мировната формула од 10 точки на претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

„Украинското раководство одлучи дека приоритет за кој ќе се разговара во февруари е резолуцијата посветена на формулата за мир“, изјави Џапарова за новинарите во ОН, каде што присуствуваше на состанокот на Советот за безбедност за владеење на правото, пренесе „Гласот на Америка“.

На самитот на Групата 20 во ноември, Зеленски се обрати на собирот преку видео и ја изложи својата визија од 10 точки за ставање крај на руската војна против неговата земја. Тие вклучуваат повлекување на руските трупи и крај на непријателствата, како и нуклеарна безбедност, безбедност на храната и енергетска безбедност, ослободување на воени затвореници и депортирани лица.

Слични содржини