277
Во нападот на руските сили врз областа Хмелницки на западот на Украина, повредени се 11 цивили, од кои еден е хоспитализиран, изјави градоначалникот на Хмелницки Олександар Симчишин.
Останатите повредени се исечени со стакло, пренесува Интерфакс Украина.
Симчишин изјавил дека во самиот град немало удари, туку дека е погоден објект на енергетска инфраструктура во тој реон, па поради експлозивниот бран биле оштетени стотина згради и куќи, на кои паднале покриви, тавани, врати и прозорци.
Според него, оштетени се и училишта и индустриски претпријатија.