Украина: 220 руски војници одбија да учествуваат во инвазијата

од Nikola Popovski
386 прегледи

Украинското Министерство за одбрана тврди дека 220 припадници на една единица на руските сили одбиле да учествуваат во инвазијата на Украина. Додаваат дека од почетокот на војната во таа единица загинале 50 војници, а 110 се ранети.

„Денес е 27-ми ден од херојската одбрана на Украина од руската инвазија.

Непријателот продолжува да напаѓа од воздух, гаѓајќи ја воената и цивилната инфраструктура во Житомир, Киев, Чернихив, Харков и Доњецк. Извршиле над 80 прелети, од кои 29 од белоруска територија“, пишува украинското Министерство за одбрана. Додаваат и дека руската флота изведува акции во Црното и Азовското Море.

„И покрај руската пропаганда, војниците на одредени руски единици се деморализирани поради значителни загуби. Продолжуваат случаите на масовно одбивање да учествуваат во војната против Украина.

Според достапните информации, во 155. поморска бригада, од почетокот на војната, 220 руски војници одбиле да учествуваат во агресијата против Украина. Заклучно со 24 февруари вкупно 50 припадници на оваа бригада се убиени, а 110 се ранети.

Како што беше споменато претходно, непријателската страна има значителни логистички проблеми. Освен тоа, трпат огромни загуби поради лошо организираниот систем за испорака на медицинска опрема“, објави украинското Министерство за одбрана.

Слични содржини