Украина: 50 загинати во нападот на железничката станица во Краматорск

од Nikola Popovski
311 прегледи

Бројот на загинатите во ракетниот напад на железничката станица во Краматорск во источна Украина се искачи на 50, меѓу кои пет деца, соопшти денеска гувернерот на источноукраинската област Доњецк Павло Кириленко.

Кириленко на социјалните мрежи напиша дека 38 лица починале на лице место, а уште 12 во болница.

Украинските власти соопштија дека околу 4.000 луѓе биле на станицата Краматорск за време на евакуацијата на цивилите со воз западно од градот под контрола на Украина пред очекуваната руска офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите украински лидери ја обвинија руската војска дека намерно гаѓала локација каде што биле собрани само цивили.

Руската армија денеска демантираше дека истрелала ракета на железничката станица и ја осуди украинската „провокација“, посочувајќи дека сликите на делови од ракетата покажуваат дека бил употребен проектил што не го користат руските сили.