Украина апелира до земјите да го криминализираат симболот „Z“

од Nikola Popovski
276 прегледи

Украина апелираше до земјите да ја криминализираат употребата на симболот „Z“, што значи поддршка за војната. Симболот првично се користел за означување на руските тенкови кои влегле во Украина и се сметало дека значи „за победа“. Русите го усвоија за да покажат одобрување за инвазијата.

Три германски сојузни покраини – Берлин, Баварија и Долна Саксонија – веќе објавија дека секој што ќе го промовира симболот може да се соочи со затворска казна до три години. Германското Министерство за внатрешни работи предупреди дека оние кои ќе го покажат симболот за да ја „поддржат“ инвазијата би можеле „да бидат предмет на кривично гонење“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба апелираше до другите земји да ги следат стапките на Германија.

„Z“ значи руски воени злосторства, бомбардирани градови, илјадници убиени Украинци, напиша Кулеба на Твитер. -Мора да се забрани јавната поддршка за ова варварство, додаде тој.

-Симболот веќе се појави на голем број згради во Германија, а може да се забележи и на маици, знамиња и автомобили“, соопштило германското МНР.

Литванија е меѓу земјите кои размислуваат за забрана на симболот. Доколку забраната биде одобрена, престапниците би можеле да бидат санкционирани со парична казна до 500 евра.

Слични содржини