Украинскиот вицепремиер Михаил Федоров го повика извршниот директор на компанијата „Спејс Икс“, Илон Маск да ѝ ги отстапи станиците на „Старлинк“ на Украина и да ја искористи својата јавна платформа за, како што наведе, „да ги охрабри разумните Руси“ да се спротивстават на нивната влада.
Проектот „Старлинк“ на Маск е амбициозен обид да се инсталира сателитска мрежа во орбитата на Земјата за да се направи Интернетот достапен ширум светот. Досега „Спејс Икс“ испрати во орбитата повеќе од 1.700 сателити „Старлинк“, а според плановите на милијардерската компанија, вкупно би требало да има над 40.000.
Сепак, иако сателитите минуваат над Украина, таму нема земјени станици кои би ја користеле мрежата, а според RT, најблиската е во едно полско село.
Претходно денеска Федоров го повика и „Јутјуб“ да ги „блокира руските пропагандни медиуми“, а извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, да го блокира пристапот до „Епл стор“ од Русија.
Маск засега се воздржува од коментари за ситуацијата во Украина.