Украина бара затворање на небото над нејзината територија

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак ги повика европските земји да го „затворат небото“ над Украина, откако во Полска падна ракета од руско производство.

Подољак на Твитер напиша дека „само Русија е одговорна за војната во Украина и масовните ракетни напади“ и дека „само Русија стои зад брзо растечките ризици за пограничните земји“.

„Нема потреба да барате изговори и да ги одложувате клучните одлуки. Време е Европа да го затвори небото и заради сопствената безбедност“, напиша тој.

Од февруари, кога Русија ја започна својата инвазија на Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повикува НАТО да воведе зона на забранети летови над Украина. Западните лидери ја отфрлија идејата поради загриженост дека тоа ќе предизвика поширока војна во Европа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција во Брисел рече дека инцидентот во Полска е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана, но во исто време рече дека „не е виновна Украина, Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата војна против Украина“.

Слични содржини