187
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, соопшти дека министерството ја следи ситуацијата на југот на Србија и ги повикува Белград и Приштина да се воздржат од дејствија кои можат да предизвикаат насилство.
Ја следиме ситуацијата на југот на Србија, страните треба да се воздржат од дејствија кои можат да предизвикаат насилство“, изјави Николенко, пренесува „Укринформ“.
„Во случај на натамошно влошување на безбедносната состојба и блокада на патишта на југот на Србија, им препорачуваме на Украинците да ги преминат контролните пунктови на границата со Република Северна Македонија“, изјави портпаролот на украинското министерство за надворешни работи.