Украина доби заем од 1,34 милијарди долари како дел од проект на Светска банка

од Nikola Popovski
221 прегледи

Во рамките на проектот на Светска банка, Украина доби заем од 1,34 милијарди долари за своите административни капацитети, соопшти денеска Министерството за финансии на Украина.

Во соопштението се прецизира дека оваа сума вклучува заем од Светска банка од 1,086 милијарди долари, грант од Норвешка од 190 милиони долари, субвенции од САД од 50 милиони долари и швајцарски грант од 20 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Украинското Министерство наведува дека овие средства ќе се користат за социјална заштита во старост или исплати на вработени во државните служби за вонредни ситуации, како и за други трошоци кои не се поврзани со војската, јавуваат украинските медиуми.