206
Украина очекува Европската унија да воведе санкции кон руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“ во следниот пакет санкции против Русија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмигал.
По денешната средба со заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс во Киев, Шмигал изјави дека руската нуклеарна индустрија требало да биде казнета пред 10 месеци, пренесува „Ројтерс“.
„Ние активно работиме со нашите европски партнери и бараме поддршка во четири области: демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, снабдување со електронска опрема, можност за увоз на електрична енергија од ЕУ и санкции против Русија“, напиша Шмигал на Телеграм.