151
Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност.
„Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје…. евакуирајте сеЍ Најдете начин да стигнете до територијата што е под (украинска) контрола“, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Дмитро Орлов, протераниот градоначалник на Енергодар, кој ја опслужува нуклеарната централа, на Телеграм изјави дека градот е под оган од руските сили и нема струја.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.