Украина ги повикува руските мајки: „Соберете ги вашите синови“

од Nikola Popovski
311 прегледи

Украинското Министерство за одбрана ги повика мајките да ги „соберат“ заробените руски војници во Киев, пренесува АФП.

Според АФП, ова е соопштение на украинското Министерство за одбрана, во кое е упатен апел до мајките од Русија.

Украинските власти, предводени од кабинетот на претседателот Владимир Зеленски, тврдат дека од почетокот на војната во Украина загинале околу 6.000 руски војници.

Сепак, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин како врховен командант постојано добивал извештаи за жртвите, но дека овие податоци не можат да бидат споделени со јавноста.

Од повеќе страни доаѓаат различни информации, што го оневозможува утврдувањето на вистинскиот број на жртви од војната во Украина. Руските власти велат дека нивните војници немале жртви, додека од Украина секојдневно пристигнуваат податоци за приведени и убиени војници, како и за цивилни жртви.

Слични содржини