Украина ги повлекува своите војници од КФОР

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Украина ги повлекува војниците кои учествуваат во мировната мисија на КФОР, соопшти денеска Здружената команда на вооружените сили на Украина.

„На Косово, во Република Србија се наоѓа национален контингент на вооружените сили на Украина, кој се состои од 40 воени лица“, беше објавено на веб-страницата на РБК-Украина.

Во март, украинскиот претседател Владимир Зеленски издаде декрет за повлекување на украинските мировни сили од сите мировни мисии во светот за одбрана на земјата по рускиот напад.

Слични содржини