Украина ја засили безбедноста на своите амбасади ширум светот во средата, откако шпанската полиција соопшти дека вработен во украинската амбасада во Мадрид бил ранет кога отворил писмо-бомба.
Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на украинските амбасади „итно“ да ја зголемат безбедноста, објави неговото министерство.
Кој и да стои зад нападот „не може да успее да го одвлече вниманието на украинските дипломати во нивната работа за посилна Украина и во борбата против руската агресија“, рече Кулеба.
Шпанската полиција претходно во средата објави дека вработен во украинската амбасада во Мадрид е повреден во експлозија што се случила додека тој ракувал со писмо.
Вработениот се здобил со полесни повреди и самиот отишол во болница, додаде полицијата.
Детективите го истражуваат инцидентот, со помош на форензичари и инспектори за разузнавање, се објаснува во полициското соопштение.
Просторот околу амбасадата е ограден, соопшти ТВЕ.