Украина ги зголемува силите на северната граница поради пристигнувањето на борците на паравоената формација Вагнер во Белорусија, а РИА наведува дека се ископани противтенковски ровови во областа Чернихив на потег од повеќе од 40 километри.
„Знаеме дека платениците на Вагнер пристигнуваат на територијата на Белорусија. Веќе реагираме државната граница на Украина да биде целосно непроодна за непријателските сили. Ископани се повеќе од 40 километри противтенковски ровови“, објави Сергеј Наев, командант на украинските здружени сили на својот канал Телеграм.