208
Украинските сили денес точно напладне по московско време го гранатираа Доњецк, во истиот момент кога требаше да започне еднострано прогласеното Божиќно примирје наредено од Кремљ на 5 јануари, пренесува ТАСС.
„Шест проектили од 155 милиметри беа истрелани од оружје што НАТО и го достави на Украина“, соопшти заедничкиот центар за контрола и координација на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот долж целата линија на борбени дејствија во зоната на таканаречената специјална воена операција од 6 јануари во 12 часот по московско време до 7 јануари во 24 часот поради прославата на Божиќ.