Украина го смени министерот за здравство, малку граѓани ја примиле првата доза

од Nikola Popovski
393 прегледи

Украинскиот парламент вчера донел одлука денеска за разрешување на министерот за здравство, Максим Степанов, поради неуспехот на кампањата за вакцинација во земјата и нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирус.

Украина е меѓу најсериозно погодените од коронавирусот меѓу европските земји и ниту кампањата за вакцинација не оди според посакуваното, бидејќи само 948.330 Украинци ја примиле првата доза на вакцината досега, пренесува агенцијата Танјуг.

Во Украина живеат 41 милион жители, а од почетокот на пандемијата регистрирани се над два милиони пациенти, додека повеќе од 48 000 луѓе починале.

Слични содржини