Украина го зголеми извозот на жито во јули и покрај зголемените руски напади

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Украина го удвои извозот на жито во јули на повеќе од 4,2 милиони метрички тони во споредба со истиот месец минатата година, покажаа податоците од украинското здружение на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучен извозен центар на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште во Дунав за извоз на жито во Европа.

Во јули Украина извезла 3,7 милиони тони земјоделски производи преку Одеса и 569.000 тони преку Дунав, покажуваат податоците за извозот, објави Ројтерс.

Тоа е двојно повеќе во споредба со јули минатата година кога преку Одеса беа извезени 291.000 тони и преку Дунав 2,07 милиони тони.

Украинското жито најмногу се транспортирало до пристаништето Ротердам во Холандија, Картагена во Шпанија, како и до Кина, Египет и Турција.

И покрај зголемената продажба од минатиот месец, се очекува вкупен пад на извозот во сезоната 2024/2025  поради неповолните временски услови и влијанието на војната, објави земјоделската консултантска куќа ASAP.

Украина воспостави привремен поморски коридор откако договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море пропадна минатата година откако Русија се повлече од договорот.

Украина е главниот светски производител на пченица и пченка, а пред почетокот на војната во февруари 2022 година, извезуваше околу шест милиони тони жито месечно преку Црното Море.

Слични содржини