135
Франција и IAEA добија безбедносни гаранции од Русија и Украина за испраќање мисија во нуклеарната централа Запорожје, објави Емануел Макрон.
„Вчера се сретнав со генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, а пред некој ден разговарав со претседателите Зеленски и Путин. Добивме безбедносни гаранции од украинската и руската страна. Сега мисијата на IAEA, независна мисија која ќе биде заштитена, може да биде испратена во нуклеарната централа Запорожје“, наведе францускиот претседател Макрон.