298
Заменик-шефот на украинската дипломатија, Емина Џапарова изјави дека официјален Киев ќе воведе санкции за Белорусија доколку нејзините авиокомпании воспостават летови со Крим.
„Ја слушнавме изјавата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Веднаш ќе реагираме на сите обиди за легитимизација на окупацијата на Крим од страна на Русија. Ако барем еден белоруски авион се најде на територијата на окупиран Крим, санкциите ќе бидат неизбежни“, рече таа.
Претходно, Лукашенко изјави дека Минск започнал преговори со Москва со цел да воспостави летови меѓу Минск и Крим.
Да потсетиме, Украина на 26 мај ги прекина летовите кон Белорусија по ситуацијата со присилното слетување на авионот на „Рајанер“.