Украина: Има жртви во гранатирањето на Северодонецк, сепаратистите окупираа град во Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Украинските власти соопштија дека четири лица загинале во руски гранатирања во северниот град Северодонецк во изминатите 24 часа, додека сепаратистите на исток тврдат дека ја презеле контролата врз градот Лиман во областа Доњецк.

Едно лице е убиено во селото Комушувака.

Гувернерот на Луганската област Сергеј Хајдај на Телеграм напиша дека жителите на Северодонецк заборавиле кога последен пат во градот имало тишина најмалку половина час.

Градоначалникот на Северодонецк, Олександр Стрјук изјави дека 60 отсто од станбените згради во градот се уништени.

Сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина соопштија дека го зазеле градот Лиман во областа Доњецк. Украинската страна не ја потврди таа информација.

Армијата на непризнаената република Доњецк на Телеграм напиша дека „ослободила и презела контрола над 220 населени места, вклучувајќи го и Лиман“.

Слични содржини